Сите ја чекаа неговата реакција! Се огласи Немања Гудељ откако брат му колабира на теренот – еве што објави на Инстаграм

Драгиша Гудељ денеска повторно колабираше на фудбалскиот терен и со тоа ја загрижи целата фудбалска јавност…

Се играше 28. минута од натпреварот Мелија – Кордоба Гудељ доживеа срцев удар.

Ова не му се случува првпат на Гудељ, бидејќи тој колабираше и на меч во март годинава.

За среќа, денеска ситуацијата не беше толку сериозна како минатиот пат, па Драгиша по неколку часа поминати во болница е пуштен дома, а видеото кое се појави на социјалните мрежи воодушеви многумина.

Сега се огласи и Немања Гудељ, кој на својот Инстаграм профил сподели фотографија од сопствениот брат и на тој начин му даде поддршка.