Шведска по четврти пат во историјата освои бронза на Светските првенства за фудбалерки

 Репрезентацијата на Шведска го освои бронзениот медал на Светското првенство за жени кое се одржува во Нов Зеланд и Австралија. Во мечот за третото место, шведските фудбалерки денес во Бризбејн ја победија репрезентацијата на Австралија со резултат 2:0. 

Головите ги постигнаа Фридолина Ролфево 30. минута и Косоваре Аслани во 62. минута. 

Репрезентацијата на Шведска по четврти пат во историјата освои бронзен медал на Светско првенство. Претходно Швеѓаните го заземаа третото место во 1991, 2011 и 2019 година.

Во финалето на женскиот фудбалски Мундијал 2023 ќе играат Англија и Шпанија. Натпреварот ќе се одигра утре од 12 часот.