ВИДЕО | Еве како правилно да врзете вратоврска за само пет секунди! Овој трик мора да го знае секој џенталмен – погледнете

Врзувањето вратоврска на почетокот изгледа како многу тешка задача за мажите, но и за жените, особено ако не ја носите често. Кој крај да се преврти, кој да се повлече и кој да се затегне ? Сепак, овој мал трик како да врзете вратоврска може да ве спаси од многу проблеми.

Постојат неколку начини да врзете вратоврска. Најпознат е двојниот Виндзорски јазол, кој беше патентиран од војводата од Виндзор. Покрај ова, има и: обичен јазол, двоен обичен, обичен Виндзор, класичен американски јазол, слободен американски јазол… По носењето, пожелно е да се одврзе и да се остави да се исправи и „одмори“.

Вообичаено, тесните јаки бараат и тесна вратоврска, а широките јаки бараат Виндзор јазол. Доколку не сакате да навлегувате во многу детали и се грижите само за тоа како да врзете вратоврска за вечерно излегување или состанок, овој трик добро ќе ви дојде.

Поставете ја вратоврската покрај раката, тенкиот дел замотајте го два пати околу пошироката страна, а потоа со долниот дел поминете под првиот дел. Така, за само пет секунди ќе имате врзана вратоврска и спремни сте за излегување.

Како да врзете вратоврска подетално погледнете во видеото ОВДЕ.