ВИДЕО | Експлозија од радост! Погледнете го моментот кога фудбалерите на Манчестер Сити дознаа дека се шампиони на Англија

Иако до крајот треба да одиграат уште три натпревари, актуелниот шампион на Премиер лигата славеше нова титула благодарение на Нотингем Форест кој вчера го победи Арсенал. Така, предноста на Манчестер Сити остана големи четири бода, а бидејќи на „топчиите“ им останува само уште еден натпревар до крајот на првенството, јасно е дека нема ниту математичка шанса за пресврт.

Фудбалерите на Манчестер Сити беа во клупските простории каде го следеа натпреварот помеѓу Нотингем Форест и Арсенал, а потоа ги одбројуваа секундите до прославата на шампионската титула.

Видеото од прославата можете да го погледнете ТУКА!

Секако, следело големо славје, а сега треба и официјално да го подигнат пехарот и да ја прослават титулата пред своите навивачи.

Инаку, ова им беше деветта шампионска титула во Англија, бидејќи претходно ја освоија титулата во 1937 и 1968 година. Со девет титули се изедначија со Евертон на четвртото место, прв е Манчестер Јунајтед (20), потоа Ливерпул (19) и Арсенал (13).

Покрај тоа, Манчестер Сити има шанса за историска сезона. Тие на 3. јуни ќе го играат финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед, а седум дена подоцна во Истанбул финалето од Лигата на шампионите против Интер.