Сензационален гол од 50 метри! Мајсторија каква ретко сд гледа: Го лобуваше голманот од половина терен! (ВИДЕО)

Спектакуларен гол го одбележа натпреварот од полското првенство помеѓу Јагелонија и Радомијак.

Домашните победија со 3:2 по пресврт и негатива од 2:0, но мечот ќе остане запаметен по нереалниот потег на играчот од гостинскиот тим, Педро Енрике.

Во 12. минута напаѓачот на Радомијак на сензационален начин ја затресе мрежата.

Од 50 метри успеа да го лобува противничкиот голман кој предалеку се оддалечи од гол линијата.

Видете ја оваа мајсторија: