Новак и кошаркарите ја пречекаа како кралица: Цеца им пееше а сега ги пренесе впечатоците! (фото)

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ ја имаше честта да го прослави успехот на српските кошаркари, како и на најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ. Таа откри дека младите момци ја дочекале како кралица.

– Кога излегов на сцената и почнав да ја пеам песната „Белград“, тие ги запалија сите тие блицови. Ме пречекаа како кралица. Се чувствував како кралица. Уживав. Им пеев сè што сакаа. Читам коментари на Твитер: „Зошто им ги пее тие песни, а не ги пее на концерти?“. Ќе морам да сменам нешто бидејќи луѓето имаат различни вкусови. Кога ќе испеам една песна, сите велат зошто не не ја испеа и дтугата. Не може сè да се вклопи за два часа. Фала богу имам 200 хитови, па можам да бирам – вели Цеца.

Цеца летово работеше без престан

– Дури и некои пријатели и колеги ми велат: „Па, никогаш не си работел толку напорно“. Мислам дека отсекогаш сум работел многу. Иако можеби се во право. Работев секој втор ден. Темпото беше навистина силно. Почнав да се шегувам за себе: „Како да сум пејачка која работи како некаде да е вработена со договор, па пеам секој ден“, вели таа.

Цеца пред неколку дена им се врати на обврските во музичката шоу програма „Ѕвездите на Гранд“

-Почнавме да снимаме. Интересно е. Ние сме стара екипа која едвај чекаше да се сретнеме. Навистина ни е убаво – истакна таа.

Вељко на 22 септември ќе има меч во Јагодина, а на Цеца никогаш не и’ е лесно да гледа тепачка.

– На мојот концерт има релаксација и пеење, но на неговата работа сум под стрес. Секој негов натпревар ми е посебен и секојпат се чувствувам исто, навивам. Ова е мое дете, мој син и јас го доживувам поинаку. Тоа е сериозен спорт. Има подготовки за егзекуција. Тој се труди и се бори за своето место под сонцето во овој спорт. Тој дава 120 проценти од своите способности. Знам колку вложува во сето тоа и ќе бидам среќна од многу причини кога ќе победи – искрена е таа.

Сепак Цеца откри дека Анастаија нема да прави свадба до крајот на годината, како што се шпекулира веќе некое време.

– Немања има сериозно темпо и тежок распоред. Има малку време кога има Божиќни празници. Ако одлучат, сигурно ќе знаете. Засега нема планови – истакна таа.