Јокиќ ги одјави Америте и застана на страната на Кинезите

Веројатно очекувана одлука.

Никола Јокиќ во текот на целата своја НБА кариера играше во патики Најк, но на тоа му дојде крајот.

Во судирот со Торонто Репторс, српскиот центар носел нови патики од кинеската марка 361, со кои потпишал повеќегодишен договор, пренесуваат медиумите во Соединетите Американски Држави.

Инаку, Јокиќ не е првата НБА ѕвезда која го напушта Најк. Пред него тоа го направија двајцата поранешни МВП-и Стеф Кари и Џејмс Харден.

Се очекува Србинот да добие и своја линија на патики, кои се претпоставува дека ќе го носат името Џокер, за да им се спротивстави на Џорданците.