ОГРОМЕН пламен проголта ЗГРАДА НА ПОЗНАТА НАФТЕНА КОМПАНИЈА Архитектот на повеќекатната зграда во Судан проговори: Ова е болно

Пожар избувна во 18-катница, која се смета за една од најпрепознатливите знаменитости на главниот град на Судан .

Не е познато што го предизвикало пожарот во кулата со стакло на нафтената компанија во близина на реката Нил, јавува Би-Би-Си.

Британската служба јавува дека за време на конфликтот меѓу армијата и ривалските сили во Картум биле опожарени неколку згради.

„Ова е навистина болно“, рече архитектот на зградата, Тагред Абдин, во објава на мрежата Икс (Твитер).

Нема извештаи за евентуални жртви.

Конфликтот во Судан избувна во средината на април по неколкумесечна тензија меѓу суданскиот армиски генерал Абдел Фатах Бурхан и неговиот ривал, генералот Мохамед Хамдан Дагало, кој ги предводи паравоените сили на РСФ.