ДРАМА ВО ФРАНЦИЈА – Пукање во Марсеј: Тројца млади момчиња убиени пред ноќен клуб – напаѓачите во бегство

Тројца млади мажи се убиени во престрелка во 11-тиот округ на Марсеј, ноќта од сабота кон недела, објави телевизијата BFM Marseille Provence.

Во нивното возило било пукано од калашников околу 05.00 часот на 500 метри од ноќниот клуб „Miami“. Околу 5 часот и 10 минути автомобил со пет мажи застана на булеварот, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Марсеј. Двајцата мажи излегле од возилото, а потоа едно или повеќе лица пукале во автомобилот.

Тие потоа се вратиле во возилото и откриле дека нивните пријатели се повредени, веднаш биле пренесени во болница, но во меѓувреме починале. По пукањето, напаѓачот или напаѓачите побегнале со својот автомобил, кој подоцна бил пронајден изгорен.

Според телевизијата BFM Marseille Provence, жртвите се од градот Феликс Пјат. На местото на настанот излегол и началникот на полицијата, Фредерик Камилери.

Полицијата соопштила дека во Марсеј има се повеќе жртви во судирите меѓу бандите поврзани со дрога, пренесуваат француските медиуми.