(ВИДЕО) Започна! Страв и ужас на северот на Украина, Русите уништуваат сè до земја со грозоморно оружје!

Украинското Министерство за одбрана објави снимка за која тврди дека се резултатите од нападот со балистички ракети врз Суми, прв напад оваа година врз североисточниот украински град.

Локалните медиуми јавија дека две лица загинале, а 20 се повредени во вчерашниот напад во Суми, повикувајќи се на извори од градскиот совет.

Според украинските медиуми, образовната зграда е уништена, а два домови се тешко оштетени. Во околните станбени згради искршени се прозорци и оштетени ѕидови.

Руските Телеграмски канали тврдат дека во таа зграда се наоѓала базата на Вооружените сили на Украина, но таквата информација не може да се потврди.