Смртта на студентот од Ниш и по 16 години остана мистерија: Никола беше убиен од куршум пред својата куќа, еве што се случи кобната вечер (фото)

Никола Албијаниќ, студент на Економскиот факултет, почина пред 16 години токму пред својата куќа во населбата Бранко Бјеговиќ во Ниш. Имаше само 20 години.

Неговата смрт сè уште е мистерија!

Официјално, Никола починал од прострелни рани околу три часот наутро во улицата Биоковска. Полицијата негирала дека пукала, што никогаш не било прифатено како вистина од најблиските на Никола.

Според официјалната верзија, Албијаниќ имал пиштол во чантата и бегајќи од полицијата случајно пукал и смртно се повредил во срцето, без да го извади пиштолот од чантата.

Сестрата на Никола еднаш во интервју изрази уверување дека нејзиниот брат не се самоубил.

„Никола кобната ноќ учел, бидејќи се подготвувал за испит. Решил да одмори и отишол да ги види другарот и другарката. Околу три и пол по полноќ го однел другарот дома, па другарката, и ја паркираше колата пред нашата капија. Кога излеговме од колата, дојде автомобил со нашите соседи, кои се истепале во некое село. Никола разговараше со тие момци, кои му побараа завои. Во тој момент , дојде полиција, тој се упати кон нашата куќа, се слушна истрел, беше погоден и брат ми“, рече Ана.

Таа потоа додаде дека Центарот за форензички истражувања од Нови Сад ја реконструирал смртта на Никола во 3Д и дека резултатите биле спротивни од она што семејството претходно го добило.

„Прво, невозможно е некој со прострелна рана во срцето да премине 30 метри, од еден двор до друг, како што излегува од официјалната верзија. Второ, на раката на Никола не се пронајдени траги од барут и било каков доказ дека тој самиот пукал од пиштолот кој бил во чантата – на раката ќе морал да има траги од нитрит и трето, не е реално да го повлече чкрапалото преку чантата, без да го извади пиштолот“, рече Ана. . .

Мистеријата продолжува.