ВИДЕО | ЗАСТРАШУВАЧКА СНИМКА ОД ИЗРАЕЛСКИ НАПАД НА ПОЈАСОТ ГАЗА – Експлозии го уништуваат ‘гнездото на теророт’ на Хамас

Израелските одбранбени сили објавија дека десетици нивни авиони погодиле цели во населбата Ал Фуркан во Појасот Газа.

На официјалниот профил на израелската Армија на социјалната мрежа Х (Твитер) беше објавено застрашувачко видео од нападот, а истото можете да го погледнете ОВДЕ.

Израелските одбранбени сили тврдат дека оваа населба е „гнездо на теророт“ за Хамас.

Премиерот на ИзраелБенјамин Нетанјаху, денес изјави дека воениот одговор на Хамас во Појасот Газа ќе го промени лицето на Блискиот Исток.

Државата Израел нема да остави ништо на случајност за да ви помогне на сите. Ве молиме останете силни бидејќи ќе го промениме Блискиот Исток“, рекол Бенјамин Нетанјаху, соопшти неговиот кабинет.

Бенјамин Нетанјаху истакна дека Израел е во екот на воена кампања и додаде дека земјата се соочува со тешки денови.