ФОТО | “СЕ УШТЕ НЕ ВЕРУВАМ…“ – Вдовицата на Синиша Михајловиќ објави трогателна порака на социјалните мрежи која ги растажи сите

Пред речиси десет месеци фудбалскиот свет го погоди шокантна вест – Синиша Михајловиќ ја загуби битката со леукемијата и почина.

Синиша Михајловиќ се бореше стоички, доби две битки, но во третата не успеа, а злобна болест си го направи своето на 16. декември 2022 година. За познатиот фудбалер и тренер тагуваше цела планета, а најтешко му беше на семејството. Поточно, на најблиските им е сепак многу тешко, како што покажува и објавата на вдовицата, Аријана.

Таа на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија од Синиша Михајловиќ од најдобрите тренерски денови и испрати срцепарателна порака, а истата можете да ја погледнете ОВДЕ.

Се уште не верувам… Ми се чини невозможно“, напиша Аријана покрај објавата.

Аријана не може да се помири со фактот дека Синиша Михајловиќ не е покрај неа, а овие зборови се многу емотивни и предизвикуваат тага кај секој што ги чита.