ВИДЕО | Затвор во кој луѓето доброволно одат, спијат на под и на крајот плаќаат 80 евра

Наместо да одат во луксузен хотел, Корејците одат во затвор кога се под стрес. Или барем тоа е главната просторија на хотелот Inside Me кој се наоѓа во Хонгчеон, Јужна Кореја, кој изгледа како казнено-поправен дом.

Луѓето плаќаат по околу 80 евра дневно за да бидат лишени од слобода и затворени во затворска ќелија без никакви световни добра.

Можете да останете 24 или 48 часа во мала соба од 5 квадратни метри, која е толку мала што нема место ни за кревет. Спиете на подлога на подот, а единствената погодност во која можете да уживате е непречен пристап до тоалетната школка и мијалникот.

Двапати дневно добивате оброк – обично некаква каша на база на овесна каша и ориз, а вашата единствена занимација ќе биде да гледате низ малиот прозорец во собата. Не можете да внесете мобилен телефон, компјутер или кој било друг електронски уред во овој затвор . Не можете ни книга да земете со себе. Главната цел е да се оддалечите од секојдневните предизвикувачи на стрес и да поминете време во тивко размислување без никакви надворешни влијанија.

Најчести гости на затворот Inside me се студенти и работници од различни компании кои секојдневно се изложени на високи нивоа на стрес, со кој инаку тешко се справуваат. Во лажен затвор тие се ослободуваат од тој стрес и наоѓаат привремена утеха во тишина и изолација.

Лажниот казнено-поправен дом го отвори адвокатот Квон Јонг-сук од компанијата Happiness Factory во Јужна Кореја уште во 2013 година , а низ него досега поминале неколку илјади доброволни затвореници.

Како изгледа затворот Inside me, погледнете на YouTube во видеото на каналот The Star.