ВИДЕО | “ЗА ПРЕКИН НА ОГНОТ, ЈАВЕТЕ СЕ НА ОВОЈ БРОЈ!“ – Амбасадорот на Израел во ОН направи шоу: Подигна траспарент со телефонскиот број на лидерот на Хамас
Генералното собрание на Обединетите нации синоќа со големо мнозинство усвои необврзувачка резолуција со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа и итно и безусловно ослободување на сите заложници.
Пред гласањето, Гилад Ердан, израелскиот амбасадор во ОН, предупреди дека оваа декларација ќе донесе смрт и уништување во регионот и дека тоа ќе биде „смртна казна“ за уште безброј Израелци и жители на Појасот Газа.
„Прекинот на огнот значи едно и само едно, а тоа е обезбедување на опстанокот на Хамас, обезбедување опстанок на геноцидните терористи кои се посветени на целосно уништување на Израел и Евреите“, вели Гилад Ердан.
Во таа прилика тој покажа и траспарент во кој се содржани информациите на Јахја Синвар, лидерот на Хамас во Појасот Газа, а овој момент можете да го погледнете ОВДЕ.
На траспарентот пишуваше – „За повик за прекин на огнот“ – со прикачен телефонски број и порака: „Барајте го Јахја Синвар“.