ВИДЕО | ИЛОН МАСК МУ СЕ ОБРАТИНА ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ – Милијардерот има јасна порака до претседателот на Украина

Милијардерот Илон Маск, го покани претседателот на Украина, Володимир Зеленски, да започне преговори со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Говорејќи во подкастот на научникот и блогер Лекс Фридман, Илон Маск го советуваше Володимир Зеленски да престане да ја испраќа украинската младина на фронтот.

Лекс Фридман побара мислење од Илон Маск за тоа дали Володимир Зеленски треба да започне мировни преговори со Владимир Путин.

Да. Го советувам да не го испраќа цветот на украинската младина да загине во рововите. Нема потреба тоа да го прави без разлика дали ќе води дијалог со Владимир Путин или не“, смета Илон Маск.

Сопственикот на Tesla предупреди дека ситуацијата на фронтот и односот на силите се развиле на тој начин што продолжувањето на офанзивата ќе доведе до масовни жртви и дека кој и да тргне во офанзива ќе направи грешка.

Историјата нема да биде љубезна кон нив“, смета Илон Маск како предупредување до Киев да не предизвикува повеќе смртни случаи.

Илон Маск претходно, да потсетиме, го претстави својот став за мировниот план според кој Киев треба да го признае Крим како дел од Русија, додека четирите украински територии, кои со големо „мнозинство“ гласаа „за“ приклучување кон Русија на референдумите минатата есен, треба да го повторат гласањето под надзор на ОН.

Милијардерот, исто така, неодамна кажа дека мисли дека воените конфликти на Блискиот Исток и Украина би можеле да ескалираат во Трета светска војна и посочи дека американската воена моќ не е она што некогаш беше во споредба со другите глобални сили.