ФОТО | ФОТОГРАФИИ ОД ИВАНКА ТРАМП ГО “СРУШИЈА“ ИНТЕРНЕТОТ – Ќерката на Доналд Трамп ја споредуваат со жирафа поради една причина

Ќерката на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, Иванка Трамп, сведочеше на судењето на нејзиниот татко оваа недела, а нејзините фотографии од судот се проширија на социјалните мрежи од прилично бизарна причина.

Имено, многумина сега забележаа дека Иванка Трамп има невообичаено долг врат, што поттикна бројни шеги на нејзина сметка.

Дали ова го мислам само јас или Иванка Трамп има екстра долг врат ? Ова не е фотошопирано или уредувано“, објави еден корисник на социјалната мрежа X (Твитер), а објавата можете да ја погледнете ОВДЕ.

Сега видов колку е голем вратот на Иванка Трамп и не можам да престанам да го гледам“, „Подолг е отколку што се сеќавам“, „Изгледа како жирафа“, се дел од коментарите под виралните објави со фотографијата од Иванка Трамп во судницата.

Инаку, како и нејзините браќа Доналд Трамп Јуниор и Ерик Трамп, кои сведочеа минатата недела, Иванка Трамп се обиде да се огради од двосмислените методи за проценка на вредноста на имотот, кои судијата веќе ги оцени како измама. Нејзиното сведочење траело речиси четири часа, а странските медиуми јавуваат дека се што кажала може да се сумира во три збора, кои гласат: „Не се сеќавам“.