ФОТО | Актерот на кој му дадоа уште две години живот се ожени со 39 години помлада девојка: Сите мислат дека тоа е негова ќерка, а некои дури и внука

Шведскиот моќник Долф Лундгрен неодамна го прослави својот 66-ти роденден, а иако отсекогаш импресионирал со својата форма, многумина забележале дека тој во последно време брзо старее.

Русокосиот актер освои и скрши многу женски срца по неговите култни улоги, а едно од нив е и во филмот „Rocky“. Ретко која девојка можеше да остане имуна на неговиот шарм и светли очи.

Долф Лундгрен, Ема Крокдал
Ема Крокдал и Долф Лундгрен

За жал, познатиот актер во последно време се помалку се гледа во јавноста.

Причината е пред се пандемијата со вирусот Ковид-19, кога особено се грижеше за своето здравје бидејќи влегуваше во седмата деценија од животот. Потоа, пандемијата му ги наруши плановите да се ожени со 39 години помлада девојка, која ја запроси во 2020 година.

Долф Лундгрен во средината на јули беше виден во Грција како ужива во летните радости со сопругата, фитнес инструкторката Ема Крокдал (27 г.), а двојката го кажа судбоносното „Да“ во јули оваа година.

Ема Крокдал и Долф Лундгрен се запознаа во 2019 година во теретана и го направија своето прво јавно појавување заедно во 2020 година за време на фестивал во Доминиканската Република. Инструкторката вели дека не го препознала актерот, ниту пак знаела дека се работи за позната личност.

Долф Лундгрен го посвети својот живот на боречките вештини и додека тој се уште е во форма, годините го наплаќаат својот данок. Без разлика, неговите обожаватели продолжуваат да ја фалат неговата линија.

Фотографиите кои се појавија го покажуваат уморното лице на актерот, а многумина коментираа дека тој прилично остарел. Можеби некои не знаат, но легендарниот актер веќе осум години се бори со ракот на белите дробови.

Се сомневаат дека се разболел поради употреба на стероиди во времето кога се занимавал со бодибилдинг, а му даваат уште две години живот.

Некои напишаа дека изгледа како да е татко на Ема Крокдал, па дури и дедо, а рекоа дека сигурно не може да го следи темпото на својата помлада девојка.

Долф Лундгрен
Ема Крокдал и Долф Лундгрен

Да потсетиме, славниот актер пред Ема Крокдал беше во брак двапати.