(ВИДЕО) Каков срам! Бајден брутално го навреди Си по средбата! „Видете, тој е…“

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека по преговорите со кинескиот лидер Си Џинпинг, тој не го променил мислењето за него како „диктатор“.

– Види, тоа е. Тој е диктатор во смисла дека тој е типот што води комунистичка земја чија влада е сосема поинаква од нашата – им рекол Бајден на новинарите на прашањето дали се предомислил по разговорот.

Американскиот претседател Џозеф Бајден се сретна вчера во Сан Франциско со кинескиот лидер Си Џинпинг за првпат директно по една година, со цел да се обиде да ги намали тензиите меѓу двете земји преку разговори.

Соединетите Американски Држави и Кина мора да се погрижат ривалството меѓу двете земји да не доведе до конфликт, најави американскиот претседател Џозеф Бајден на средбата со неговиот кинески колега Си Џинпинг.

Бајден изјави и дека не секогаш се согласува за сите прашања со својот кинески колега, но дека нивната комуникација секогаш била „отворена и искрена“.

Си Џинпинг рече дека ги смета билатералните односи меѓу Америка и Кина за најважни во целиот свет.

– Сценариото во кое една земја реформира друга не изгледа реално, а евентуален конфликт меѓу Кина и САД би предизвикал несогледливи последици за двете страни – додаде кинескиот претседател.