Адријана Лима ги изненади фановите со последното појавување на црвениот тепих: Што се случи со нејзиното лице?

Адријана Лима се појави на премиерата на филмот „The Hunger Games: The Ballad of Songbirds & Snakes“ во Лос Анџелес со целото семејство, додека промената на нејзиното лице не остана незабележана.

Имено, манекенката се појави со забележително закосени очи и кренати веѓи, што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Многу корисници се посомневаа дека станува збор за процедурата ‘Fox Eyes’ која ја испробаа многу познати жени и која стана своевиден тренд во светот.

„Што му направи на лицето?

„Треба да знам што се случи со лицето на Адријана Лима и сега треба да знам“

„Последната верзија на Адријана Лима која наводно направила пластична операција“ – се дел од коментарите.

(Фото: Бауер-Грифин/FilmMagic)