ВИДЕО | КАКО ВО ФИЛМОВИТЕ! Маскирана банда со секири ограбува позната златара! Погледнете како изгледал грабежот што се случил среде бел ден во Велика Британија – минувачите во шок!

Група маскирани разбојници ограбиле златара на популарна улица во Лидс, Велика Британија, пред очите на клиентите!

На драматичното видео што кружи на Интернет, се гледаат маскирани насилници како вчера во 11:36 часот по локално време го кршат излогот со секири и чекани, а потоа мирно влегуваат во црн автомобил марка ‘Mercedes-Benz‘ со торби полни со накит и злато. Автомобилот тргнува, но запира по само неколку метри додека четвртиот член од бандата брза кон возилото. На видеото се гледа и дека еден од случајните минувачи пука во возилото со разбојниците.

Според пишувањата на локалните медиуми, по грабежот, крадците се обиделе да ги скријат трагите оставајќи го автомобилот и преместувајќи се во чип марка ‘Porsche‘. Но, полицијата цело време ги следела од хеликоптер. Набрзо се судриле и побегнале пеш.

Црниот автомобил е пронајден напуштен, додека сребрениот џип исто така е пронајден напуштен откако учествувало во судир на патот во Лидс. Се претпоставува дека двете возила се украдени. Двајца мажи се уапсени и моментално се во притвор“, соопштила полицијата од Западен Јоркшир за тамошните медиуми.

Очевидец ги открил деталите од полициската потера.

Разбојниците се поделија во две групи и менуваа автомобили, но хеликоптерот веќе беше кренат. Сребрено ‘Porsche‘ удри, возачот побегна, но набрзо беше уапсен“, раскажал сведокот за тамошните медиуми.

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.