ВИДЕО | КАКО НА ФИЛМ! Ограбена една од најпознатите златари во центарот на Париз! Погледнете ги шокантните снимки од разбојниците на мотори

Луксузната златарница Bulgari на познатиот плоштад „Вендом“ во Париз, Франција, претходниот ден беше ограбена, а штетата се проценува на неколку милиони евра.

Тројца вооружени разбојници на два мотоцикли, како што неофицијално пренесуваат француските медиуми, се појавиле пред златарата околу 13 часот и 45 минути. Двајца од нив носеле оружје со долги цевки и при грабежот го нападнале и удриле обезбедувањето. Штетата се уште се утврдува, а се проценува на неколку милиони евра, потврдил за AFP извор близок до истрагата.

На видео-снимката објавена на социјалните мрежи се гледаат два големи црни мотоцикли паркирани на тротоарот пред златарницата. Еден човек, облечен во црно и со кацига, стои на стража вооружен. Случајните минувачи дури трчале на другата страна на улицата кога виделе вооружен маж како стои пред продавница во еден од централните делови на Париз. По грабежот сите тројца бегаат со мотори.

Златарата на Bulgari веќе била цел на вооружени разбојници во 2021 година, а штетата била проценета на 10 милиони евра. Тогаш полицијата ранила еден од тројцата разбојници во ногата, по што го привела. Останатите двајца се уапсени по истрага.