(ВИДЕО) Камерата го улови напнатиот момент помеѓу Гвардиола и Халанд, погледнете ја реакцијата на Пеп

Манчестер Сити ја отвори новата сезона во Премиер лигата на посакуван начин и без проблеми ги освои првите три бода, задача која беше оставрена уште во првото полувреме во кое Халанд постигна два гола.

Посебно убав беше вториот гол на Норвежанецот со кој уште еднаш покажа дека се работи за расен голгетер, но иако изгледаше безгрешно за многумина во оваа фаза од мечот, сепак Халанд доби лекции од својот менаџер.

Перфекционистот Пеп Гвардиола често сме го виделе во енергични изданија кога играчите не ги следат неговите инструкции, па така беше и вчера по крајот на првиот дел на гостувањето кај Барнли.

Иако постигна два гола, Халанд се најде на удар кај шпанскиот стручњак и доби забелешки за одредени случувања во првиот дел, но додека Норвежанецот мирно одеше и не возвраќаше, Пеп се налути на камерманот.

Менаџерот на Сити брзо сфати дека камерманот одблиску ја доловува цела ситуација, па нервозно му ја тргна камерата и повторно се врати кај својот напаѓач.