ЛЕДЕНИ КОЦКИ СО ПРАСКИ: На оваа освежителна торта нема да можете да и ОДОЛЕЕТЕ! Пишкотите потопени во млеко даваат дополнителен ВКУС (РЕЦЕПТ)

Направете ледени коцки со праски и имајте вистинско летно уживање.

Состојки:

  • 200 гр пишкоти
  • 200 мл млеко

За полнење:

  • 500 мл слатка павлака
  • 100 гр шеќер во прав
  • 200 гр праски

За декорација:

300 гр праски

250 ml вода

15 гр желатин

Подготовка:

Потопете ги бисквитите во млекото и наредете ги во огноотпорен сад.

Изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав, па додајте ги ситно сечканите праски кои претходно сте ги излупиле од кората. Со филот прелијте ги бисквитите.

Наредете ги праските кои веќе сте ги исечкале. Желатинот измешајте го со вода и почекајте да набабри, а потоа растворете го и посипете го врз овошјето.

Ставете го десертот да се излади во фрижидер 3 часа.