ВИДЕО | Кинескиот тенисер колабирал за време на меч во Вашингтон, истото му се случи пред еден месец на Вимблдон
Кинескиот тенисер Џибинг Ву, рангиран на 90. место на АТП листата, втор пат колабираше на теренот за помалку од еден месец.
Овој пат тоа се случи на натпреварот од првото коло на АТП турнирот во Вашингтон кога 23-годишниот Ву на паузата по петтиот гем во првиот сет загуби свест додека седеше на своето столче и падна на теренот.
Веднаш му беше укажана лекарска помош и според последните информации кинескиот тенисер се чувствува добро.
Идентична ситуација на кинескиот тенисер му се случи пред помалку од еден месец кога колабираше на тревата на овогодишниот Вимблдон за време на дуелот против Американецот Френсис Тијафо