ВИДЕО | Кога снегот ќе ја покрие куќата: Во оваа земја паднал снег до покривите, вака луѓето излегуваат надвор

Еден Исланѓанец ги опиша тешкотиите низ кои поминува бидејќи во неговата област паднала голема количина снег.

„Наутро сакате да излезете од дома, а живеете на Исланд“, рече тој во урнебесното видео кое за краток период беше прегледано повеќе од три милиони пати.

Снимил бела покривка која влетала во куќата штом ја отворил вратата, а за да излезе прво морал да посегне по лопата.

По некое време успеал да го исчисти преминот, но морал да се искачи на куп снег за да ја напушти куќата.

Многу корисници не беа изненадени од ситуацијата, а еден напиша: „На крајот на краиштата, земјата се вика Исланд (Исланд – земја на мразот), така што ова е нормално.

Други биле шокирани од глетката и прашале дали некој мора да оди на работа во такви временски услови.

Имаше и хумористични коментари, па една личност предложи: „За секој случај треба да имате врата на првиот кат од куќата“.