Годинешната Мис на Јапонија е Украинка која нема јапонски гени: Реакциите на јавноста не се пријатни

Годинешната Мис на Јапонија Каролина Шино стана тема на сите медиуми и тоа не само поради нејзината убавина, туку и поради нејзината раса. Имено, девојка со украинско потекло се преселила во Јапонија кога имала пет години. Целиот живот го поминала во градот Нагоја.

Нејзината победа повторно ја разгоре дебатата за тоа што значи да се биде Јапонец и го наметна прашањето – дали се надминати расните бариери?

Додека некои ја препознаа нејзината победа како „знак за менување на времињата“, други рекоа дека таа „не изгледа како што треба да изгледа Мис Јапонија“ .Каролина Шино, Мис Јапонија

Нејзината победа дојде речиси 10 години откако Аријана Мијамото стана првата би-расна жена која беше крунисана за Мис на Јапонија во 2015 година. Во тоа време, со мајка Јапонка и татко Афроамериканец, победата на г-ѓа Мијамото го покрена прашањето дали лице од мешана раса има право да победи на натпреварот .

Фактот што г-ѓа Шино нема јапонска генетика ја вознемири јавноста на социјалните мрежи; многумина сметаат дека ова е „погрешна порака од државата“ и дека е „политички потег“, пренесува „Би-Би-Си“.