АЗИЈА е мачка која го отфрли митот дека нејзиниот вид не сака да плива во вода, откако нејзиниот сопственик објави видео на кое се гледа како мачето ужива во водата.
„Мачките пливаат подобро од повеќето луѓе“, напишала нејзината сопственичка во видеото кое собрало 5,2 милиони прегледи. Додека мачката пливала, сопственикот ја бодрел, а видеото ги воодушевило Тиктокерите.
„Таа е подготвена за Олимпијадата за мачки“, „Изгледа како видра“ и „Таа е преслатка“, се само дел од коментарите.