ВИДЕО | Коњ избегал од штала, па завршил на железничка станица: „Пристојно го чекал возот зад жолтата линија“

Инцидентот е снимен на 5 април, нешто пред полноќ

Неверојатна сцена е снимена на железничка станица во Сиднеј . На перонот се појавил тркачки коњ додека шокираните патници гледале да му се тргнат од патот.

Надлежните велат дека тој избегал од блиската штала и побарал засолниште од дождот.

На видеото се гледа како животното талка низ станицата, а потоа учтиво го „чека“ возот зад жолтата линија.

Инцидентот е снимен на 5 април, нешто пред полноќ, пренесува The Sydney Morning Herald.

„Одеше покрај перонот и неуспешно се обиде да се качи во возот. На крајот, дезориентиран, стигнал до паркингот, каде го нашол сопственикот “, се пошегувале претставниците на локалната железница.

Со ист тон се додава дека надлежните нема да преземаат дополнителни мерки, бидејќи коњот „само се шегувал“.