ВИДЕО | КРВАВ КОНФЛИКТ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА – Општа тепачка помеѓу две навивачки групи во Мостар – погледнете го инцидентот

Непосредно пред дерби натпреварот од Премиер лигата на Босна и Херцеговина меѓу Вележ и Железничар во Мостар дошло до општа тепачка меѓу навивачите на овие два клуба.

Се судриле групите „црвена армија“ и „манијаци“, а според првичните информации едно лице е повредено.

Навивачки немири во Мостар: ‘манијаци’ ја нападнаа ‘црвената армија’ ? – Вележ и Железничар играат вечерва во Мостар во дербито на шестото коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина, а неколку часа пред натпреварот дошло до навивачки инцидент. Во конфликтот наводно учествувале неколку десетици навивачи, но полициската сила наводно за краток период ги ставила работите под контрола контрола“, објави веб-порталот Vijesti.ba.

Погледнете го видеото од општата тепачка ОВДЕ.

Полициските сили навреме реагирале и ја прекинале оваа крвава гозба, а избегната е поголема трагедија.

Да потсетиме, во неодамнешната пресметка меѓу навивачите на Динамо Загреб и АЕК во Атина животот го загуби еден Грк, а хрватските хулигани сега се борат да се ослободат, па ова е само нов инцидент на вандали од Блаканот.