ВИДЕО | КУЧЕТО НА ЏО БАЈДЕН Е ВИСТИНСКИ КОШМАР ЗА ТАЈНАТА СЛУЖБА – Миленикот на претседателот на САД по 11-ти пат нападна и повреди агент

Кучето на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, во понеделникот вечерта каснало друг агент на американската тајна служба во Белата куќа, пренесоа американските медиуми, наведувајќи дека ова е 11-ти пат овој двегодишен германски овчар да касне член на претседателското обезбедување.

Вчера околу 20:00 часот униформиран полицаец на тајната служба дошол во контакт со миленикот на претседателското семејство, кој го каснал. Медицинска помош на повредениот службеник му пружил стручен персонал во Белата куќа“, изјавил за CNN првиот човек за комуникации на тајната служба Ентони Гуглиелми.

Повредениот припадник на тајната служба во разговор со директорот на неговиот оддел Алфонс М. Дајсон потврдил дека е добро“, изјавил Ентони Гуглиелми.

Кучето на Џо Бајден, најмалку 11 пати ги нападнало и каснало членовите на тајната служба распоредени во Белата куќа и во семејната куќа на претседателот во Делавер, според CNN, повикувајќи се на кореспонденција од американската тајна служба.

Претставници на Белата куќа потврдија во јули дека семејството Бајден побарале да се спроведат нови протоколи за обука за нивното семејно милениче по бројните инциденти.