ВИДЕО | КУЌА ИСЧЕЗНУВА ЗА МИГ: Ураганот ја здроби како да е од хартија, половина милион луѓе без струја

Американскиот претседател Џо Бајден ги предупреди граѓаните на Флорида дека Идалија, која ја погоди Флорида како ураган од трета категорија, сега е од категорија 1, но „сè уште е многу опасна“.

Опасниот ураган Идалија од трета категорија (од максимални 5) денеска помина низ Флорида, а ветровите дуваа со брзина од околу 200 километри на час. Идалија беше третиот ураган на Флорида во изминатата година, по ураганот Иан во есента 2022 година и ураганот Никол во октомври 2022 година.

Бајден им рече на новинарите во Белата куќа дека неговото влијание се чувствува „ширум југоистокот“. Повеќе од 400.000 луѓе останаа без струја во Флорида и Џорџија.

Идалија преку ноќ се надгради од ураган во тропска бура. Сепак, заканата од поплави, бури и силни ветрови продолжува во делови од Џорџија и Јужна Каролина.