ОТКАКО кампањата со него и Кристијано Роналдо стана светски хит, Лео Меси повторно е заштитно лице на брендот Луј Витон. Овој пат се работи за кампањата Horizons Never End.
Меси овојпат е сам во кампањата, во рекламата позира на аеродром со скап куфер LV Horizon, патна торба Keepall Bandoulière 55 и фудбалска топка покриена со логото на LV. Песната Heroes на Дејвид Боуви свири во позадина на видеото.