(ВИДЕО) Меси ги фати ривалите во мрежата! Лео, што ти значи тоа?

Аргентинецот ги воодушеви Американците, но никому не му е јасно што покажува

Американците уживаат во моментите на Лионел Меси од коло во коло. Сето она што светот со години можеше да го види во дресот на Барселона и Аргентина, сега се случува во Мајами, а минијатурниот напаѓач блеска од среќа.

Вистински потег испадна трансферот во Интер, каде Дејвид Бекам игра голема улога, а Меси му се оддолжува на легендарниот Англичанец со головите и спектаклите кои ги приредува.

А кога веќе зборуваме за спектакл, Меси избира интересни начини за прославување на головите.

Имено, еден од најдобрите светски фудбалери одлучил за време на прославата да им оддаде почит на хероите од стрипот. Карактеристичниот гест не изостана ниту по голот против Шарлот.

Сè уште не е јасно дали зад овие прослави се крие порака или Меси по случаен избор избира херои, но дали ја воодушеви јавноста – тоа го направи.

По Тор и Црниот Пантер, сега на ред е Спајдермен.