ВИДЕО | МОСКВА ГОРИ – Густ црн чад го прекри небото над руската престолнина – што се случува !?

Руската служба за итни случаи соопшти дека денес избувнал голем пожар во магацин во московското предградие Раменскоје.

Медиумската агенција РИА Новости објави дека пожарот избувнал во магацинот за вештачко ѓубриво.

Пожарот зафатил површина од околу 1.800 метри квадратни“, се вели во соопштението на итната помош, пренесува Reuters.

На објавената снимка се гледа густ, црн чад и големи пламени јазици, кои се гледаат од далечина од стотици метри, а видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.