Целосно реконструирана џамијата во дебарското село Аме: “Ова е посебен ден за верниците“

Целосно е реконструирана џамијата во дебарското село Аме и таа ги отвори вратите за верниците.

Ова беше посебен ден за верниците и самото село Аме.  Минатото беше испреплетено со сегашноста. Остварена е желбата, исполнети молитвите  на мудрите и благородни старци, на вредните луѓе,  со љубов, копнеж и длабока желба да се обнови и облагороди селската џамија“, стои во објавата на дебарското муфтиство. 

Се посочува дека тоа е остварено благодарение на иселеници од ова село.

Ја видовме гордоста на семејствата и синовите на ова место,  среќата и насмевката со благодарно срце за благородната работа и вложување на синовите од ова село: Херолинд и Газменд Садику, кои со силата на верата, љубовта кон родното место и спомените што ги носат, во името на Бога и честа на сограѓаните ја финансираа и овековечија нивната пот во ова големо дело“, се нагласува во објавата.

Со верниците беше и  градоначалникот Хекуран Дука.

Со особено задоволство ја прифатив поканата на жителите на селото Аме да бидам  на отворањето на реновираната селска џамија. Овој верски објект нека биде појдовна точка за заживување на ова живописно село како што беше некогаш. Верувајќи во светла иднина, ќе се молиме Господ да ги награди иницијаторите и инвеститорите од дијаспората кои придонесоа за изградбата на оваа прекрасна џамија“, кажа Хекуран Дука.

Селото Аме се наоѓа во непосредна близина на селото Бањиште, каде се  надалеку познатите бањи по својата лековитост. По миграцијата дел од жителите се населиле во  Дебар, но поголемиот број во САД. Оние кои се во градот, но и иселеници, почнаа да ги обновуваат старите дедовски и татковски куќи и селото заживува во летниот период.