ВИДЕО | НЕВЕРОЈАТЕН ГАФ ВО ЦЕНТАРОТ НА ЊУЈОРК – Погледнете како беше пречекан Володимир Зеленски на огромен дигитален билборд

Володимир Зеленски го посети во Њујорк каде, меѓу другото, пред Советот за безбедност на ОН порача дека само суштинска реформа на Обединетите нации може да донесе мир во Украина и да спречи идни напади од сличен тип. 

Володимир Зеленски тврди дека војната во Украина покажала дека правото на вето не може да биде неограничено и дека треба да му се дозволи на Генералното собрание на ОН да го откаже. Тој додаде дека треба да се зголеми бројот на постојани членки на Советот за безбедност на ОН. Претседателот на Украина порача дека фактот дека Русија, земјата која го нападна, може да го блокира секој обид на Советот за безбедност на ОН да стави крај на војната во Украина, ги прави ОН кукавица.

Но, она за што сега брмчат светските медиуми е неверојатниот гаф направен во форма на поздравна порака во центарот на Њујорк. Имено, на огромен дигитален билборд наместо „Слава на Украина“ се појави пораката „Слава на урината“. Видеото, се разбира, стана вирално и хит на Интернет, а истото можете да го погледнете ОВДЕ.

Компанијата која управува со билбордот објасни дека грешката била предизвикана од интелигентен систем кој автоматски го коригирал зборот „Украина“ во слична форма – „урина“.