ВИДЕО | Доналд Трамп ги изненади обожавателите и делеше бесплатна пица за сите, а погледот му го ‘украде’ атрактивна русокоса: Неговиот гест е хит на Интернет

Доналд Трамп одвои драгоцено време во средината на својата изборна кампања за да им подели пица на своите поддржувачи, па дури и делеше автограми на насобраната толпа луѓе.

Доналд Трамп е снимен како им дели пица на воодушевените обожаватели во Kathy’s Treehouse Pub & Eatery во Бетендорф, кои пак скандираа: „Го сакаме Доналд Трамп!“.

Видеото е споделено на социјалната мрежа Х (Твитер), а во локалот се собрале повеќе од стотина луѓе. Видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

Видно возбуден, Доналд Трамп, делеше бесплатна храна и може да се слушне во видеото како му вели на еден поддржувач: „Земај, човеку“.

Освен што им подели пици на обожавателите, Доналд Трамп успеа да израдува и една возбудена келнерка.

Имено, тој и ја потпишал нејзината маица на горниот дел, а потоа оставил потпис и на подлактицата, додека таа од радост го вадела јазикот.

Многу ни е чест што сте тука, многу ви благодарам. Ние ве сакаме. Татко ми е твој обожавател број еден како и сите нас“, му порачала атрактивната русокоса.

Инаку, ова не е прв пат Доналд Трамп да се појави во ресторан и да им се обрати на своите поддржувачи.

Во април, тој застана во локалната пицерија по долгиот говор во Форт Мајерс, каде што ги праша обожавателите дали сакаат да уживаат во парчето кое тој веќе го гризнал.

Поранешниот претседател на САД го посети и култниот кубански ресторан „Версај“, откако се појави пред федералниот суд во Мајами во јуни, каде што исто така понуди да купи оброк за секој што случајно ќе се најде таму.