ВИДЕО | Нејзе ја нарекуваат “божица“, а се прослави со врската со контраверзниот Канје Вест: Која е убавицата што му го “украде“ срцето на Луис Хамилтон на новогодишната ноќ ?

Снимка од забава во Бразил навести дека светската јавна сцена има нов пар. Поранешната девојка на контраверзниот рапер Канје Вест, Џулијана Налу, е видена во друштво на познат спортист. Заедно ја напуштиле новогодишната забава, а за нивната романса се шпекулира веќе подолго време.

Џулијана Налу (25 г.) е видена со Луис Хамилтон (38 г.). Таа во мај беше на автомобилските трки во Мајами каде учествуваше славниот спортист, а видеото е прилично силен доказ дека има нешто меѓу нив.

Оваа атрактивна девојка ја споредуваат со „божица“ поради врската со контроверзниот рапер и дизајнер Канје Вест. Многумина ја споредија со Ким Кардашијан, а таа се истакна со повеќе од предизвикувачки стил на облекување како и низа провокативни фотографии од плажа.

А во однос на имиџот, таа може да и парира на поранешната сопруга на Канје Вест, Ким Кардашијан.

Корисниците на социјалните мрежи коментираат дека Џулијана Налу и Луис Хамилтон се одличен пар, дека заедно изгледаат одлично, а интересно е што возачот на Формула 1 минатиот ноември стана почесен граѓанин на Бразил.

На почетокот на 2023 година имаше гласини дека Луис Хамилтон е во врска со колумбиската пејачка Шакира, но сето тоа заврши со гласини.