ВИДЕО | Новак Ѓоковиќ приреди вистинско шоу во Њујорк: На Србинот не му требаше ниту рекет за да освои поени и ја ‘бутне’ публиката во транс – погледнете

Последниот Гренд Слем во календарот оваа година, УС Опен, започна. Во понеделникот започна новото, 143. издание на тенискиот турнир на кој шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе се обиде да ја одбрани титулата. Заедно со актуелниот освојувач на Вимблдон, главен фаворит за титулата е Новак Ѓоковиќ, а пред турнирот покажа дека е во добра форма…

Пред почетокот на УС Опен, организаторите на турнирот организираа дружење со децата, традиционалниот „Ден на децата“, а Новак Ѓоковиќ беше еден од тенисерите кои беа на теренот со нив. Тој направи вистински спектакл кога реши да го остави рекетот на страна и да ги искористи кујнските елементи. Ниту тоа не му беше проблем, па доби голем аплауз од трибините. Тој употреби тава, знак „STOP“, па дури и парче дрво, а публиката со громогласен аплауз ја проследи оваа изложба.

За потсетување, Новак Ѓоковиќ се враќа на УС Опен откако минатата година му беше забранет влез во земјата како странски државјанин кој не бил вакциниран против Ковид-19. Патувањето кон 24. Грен Слем титула за Новак Ѓоковиќ започна вечерта помеѓу понеделникот кон вторникот кога успешно го совлада Французинот, Александре Мулер.