ВИДЕО | ОБЈАВЕНА ДРАМАТИЧНА СНИМКА ОД ЈАПОНИЈА – Снимен моментот на падот и експлозијата на авионот со 379 луѓе во него

Патнички авион на авио-компанијата „Japan Airlines“ се запали во вторникот на пистата на меѓународниот аеродром „Токио-Ханеда“ во Токио, а сите патници и членови на екипажот потоа беа евакуирани, објави компанијата, пренесуваат тамошните медиуми.

Се верува дека авионот во кој имало 379 патници и членови на екипажот се запалил откако се судрил со авион на крајбрежната стража.

Во кратката видео-снимка прикажана на јапонската државна телевизија, се гледа како авионот се движи по пистата, потоа се слуша експлозија и се гледа оган и чад зад авионот, кој застанува.

Крајбрежната стража објави дека ја истражува можноста еден нејзин авион да се судрил со патничкиот авион.

Портпаролот на „Japan Airlines“ изјави дека авионот полетал од аеродромот „Шин-Читосе“.

Патниците биле спасени од запалениот авион спуштајќи се по лизгалките на надувување. Авионот сега е речиси целосно уништен, а сите служби за итни случаи биле веднаш активирани.