ВИДЕО | Ова е видео од град во Либија: Водата зградите ги претвори во урнатини

Над 5.200 луѓе загинаа, а најмалку 10.000 се водат како исчезнати во КАТАСТРОФАЛНИТЕ и невидени поплави што ја погодија источна Либија. Најлошо помина во источниот крајбрежен град Дерна, каде што браните очигледно попуштија, а поплавата, според либискиот министер, „збриша најмалку една четвртина од градот“.

На социјалните мрежи денеска се прошири снимка од Дерна, чија автентичност ја потврди и Би-Би-Си. Видеото кое трае околу 10 секунди ја прикажува штетата предизвикана во пристанишниот град во источна Либија. На видеото може да се види како поплавата претвори цели низи повеќекатници во урнатини.

Спасувачите се уште трагаат по телата на загинатите во поплавите, изјави Тарек ал Хараз, портпарол на владата на истокот на Либија.