ВИДЕО ОД РАЗГОВОРОТ НА ЏОРЏИНА И ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША: Дали девојката на Роналдо откри ГОЛЕМАТА ТАЈНА ?

Јелена Карлеуша и Џорџина Родригез се запознале на модната недела во Париз, а нивниот разговор го потресе фудбалскиот свет. Странските медиуми брмчат за тоа дека Џорџина штотуку и открила на „српската дива“ кога Кристијано Роналдо ќе ја заврши кариерата!

Во видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, се слуша следново:

  • Уште една година и завршува. Можеби две, не знам – изјавила Џорџина .

Многумина овој разговор го поврзаа со крајот на кариерата на Кристијано Роналдо и со право се запрашаа дали Џорџина и Јелена зборуваат за еден од најдобрите фудбалери на планетата на сите времиња и дали избраникот на легендарните Португалци и ја подари на Карлеуша светската ексклузива за крајот од неговата голема кариера.

Тоа го поткрепува и стајлингот во кој Џорџина се појави на модната писта. Таа носеше фустан инспириран од дресот на Кристијано, со бројот 7 и неговиот потпис.

Џорџина Родригез

Роналдо неодамна наполни 39 години и моментално игра во Саудиска Арабија за Ал Наср, а кога всушност ќе ја заврши кариерата останува да видиме.