ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ ДЕНЕС ЌЕ ПРЕТСТАВИ ФОРМУЛА ЗА МИР – Планот ќе ги запре сите форми на оружје што Русија ги користи против Украина !?

Јасно е дека Русија се обидува да го искористи недостигот на храна на глобалниот пазар во замена за признавање на нејзините освоени територии во Украина, кажа претходниот ден во Њујорк претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најавувајќи дека ќе го претстави мировниот план на неговата земја утре односно денес.

Володимир Зеленски во својот говор на Генералното собрание на ОН најави дека денес на специјална седница на Советот за безбедност на ОН детално ќе ја претстави мировната формула на Украина.

Тој план, како што нагласи, ќе ги запре сите форми на оружје што Русија ги користеше против Украина и други земји, а што може да го користат и други агресори.

Володимир Зеленски истакна дека светот научил во 20 век дека не треба да се користи оружје за масовно уништување и дека треба да се промовира целосно нуклеарно разоружување.

Тој потсети дека Украина го предаде својот нуклеарен арсенал, но тогаш светот одлучи Русија да стане чувар на таа сила.

Историјата покажува дека Русија заслужила нуклеарно разоружување уште во 1990-тите години“, кажа Володимир Зеленски, кој ја обвини Москва дека користи различни инструменти како оружје, не само против Украина, туку и против други земји.

Русија ги користи цените на храната како оружје, а нејзиното влијание се протега од атлантскиот брег на Африка до Југоисточна Азија“, објасни тој.

Според Володимир Зеленски, во минатото терористичките групи киднапирале деца, а денес, за време на војната во Украина, киднапирањето и депортацијата на украинските деца е политика на Владата на Владимир Путин.

Има десетици илјади деца за кои знаеме дека се киднапирани од Русија и се обидуваме да ги вратиме дома, но времето истекува. Што ќе биде со нив ?“, праша тој.

Тие деца во Русија се научени да ја мразат Украина и сите врски со нивните семејства се прекинати. Ова е јасно геноцид“, закчучи Володимир Зеленски.