Приведено лице од Радовишко, предизвикал пожари и ги признал делата

Полицијата вчера го лишила од слобода С.Р.(52) од радовишкото село Али Коч. Тој се сомничи дека на 18 септември 2023 година предизвикал пожар на место викано „Градска корија“ во Радовиш, при што била опожарена шума и насади со тутун.

Како што соопшти МВР, С.Р. бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото.

Тој признал дека на 31 јули и на 1 август годинава на место викано „Градска депонија“ во Радовиш, предизвикал пожар во кој била зафатена сушница за тутун со низи, а постоела опасност од опожарување на куќа.

– По целосно документирање на случаите, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.