ВИДЕО | Олаф Шолц со порака до земјите-членки на НАТО: “На самитот фокусот е на зајакнување на борбениот капацитет на Украина!“

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги повика лидерите на земјите од НАТО, кои ќе се сретнат на самитот на Алијансата во Вилнус во јули, да се фокусираат на зајакнување на воената помош за Украина.

Украинската Влада соопшти дека не станува збор за влез во НАТО се додека Русија води војна против Украина. Затоа предлагам во Вилнус да се фокусираме на она што сега е апсолутен приоритет, а тоа е зајакнување на борбената способност на Украина“, порача Олаф Шолц во Бундестагот.

Тој го повика турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган од Анкара да го ратификува членството на Шведска во НАТО.

Цврсто верувам дека Шведска како нов сојузник треба да седне на маса на самитот заедно со Финска“, порачува германскиот канцелар.

Олаф Шолц вели дека од следната година Германија ќе издвојува два отсто од БДП годишно за воени потреби, во согласност со препораките на НАТО.

Ќе обезбедиме федералната Армија конечно да ја добие потребната опрема“, најави Олаф Шолц.

Тој вели дека почнувајќи од 2024 година, Германија повторно и за прв пат по децении, ќе потроши два отсто од БДП за одбрана.

Канцеларот претходно изјави дека Германија ќе ја исполни оваа цел во 2025 година. AFP потсетува дека минатата година само седум земји на НАТО ја исполнија зацртаната цел за распределба на два отсто од БДП за војската, вклучувајќи ги САД и Полска.