ВИДЕО | ОПШТ ХАОС ВО ЕРУСАЛИМ – Хамас ја презеде одговорноста за ракетниот напад над “Светиот град“

Ракетите истрелани во централниот дел на Израел ги активираа ракетните предупредувачки сирени низ Ерусалим. Военото крило Хамас ја презеде одговорноста за ракетниот напад врз „Светиот град“.

Израелските власти објавија видео за кое велат дека се гледа како ракета паѓа во близина на болница во Рамала, на окупираната територија на Западен Брег, а видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

Засега нема информации за повредени во ракетниот истрел. Израелската спасувачка служба соопшти дека била известена за нападите.

Ракетите истрелани во централниот дел на Израел ги активираа ракетните предупредувачки сирени низ Ерусалим, објави претходно AP News.

Не е веднаш јасно колку ракети биле истрелани, но репортер од американската агенција вели дека против-ракетниот систем бил на висина на задачата.

Израелските медиуми објавија дека во Ерусалим за првпат од изминатиот месец се огласиле сирените за воздушна опасност.

Од почетокот на војната ИзраелХамас на 7. октомври, ракетните напади се почести на Тел Авив и областите што се граничат со Појасот Газа каде и се води војната.