ВИДЕО | Погледнете ги неверојатните сцени од ерупцијата на вулканот во Исланд од непосредна близина: Млазовите се огромни, а пукнатината е долга 3,5 километри

Вулканот на исландскиот полуостров Рејкјанес еруптираше претходниот ден во 22 часот и 17 минути по локално време на околу четири километри североисточно од Гриндавик.

Должината на пукнатината во вулканот е околу 3,5 километри, а лавата тече со брзина од околу 100 до 200 кубни метри во секунда. Се нагласува дека тоа е неколку пати повеќе отколку во претходните ерупции на полуостровот Рејкјанес во последните години.

Ерупцијата може да се види од Рејкјавик, кој е на околу 42 километри североисточно од Гриндавик.

Според најновиот извештај на метеоролошката служба на Исланд, интензитетот на вулканската ерупција се намалува. Ова е очигледно од сеизмичките мерења.

Фактот дека активноста веќе се намалува не е показател колку долго ќе трае ерупцијата, туку дека ерупцијата достигнува состојба на рамнотежа, објаснуваат тамошните медиуми. Овој развој е забележан на почетокот на сите ерупции на полуостровот Рејкјанес во последниве години.

Денес ќе се одржи нов состанок на научници за да се процени развојот на ерупцијата во текот на ноќта.

На Интернет веќе се објавени првите фотографии и видео-снимки од величествениот природен феномен. Хеликоптер на крајбрежната стража полетал до вулканот и снимил воздушни снимки од ерупцијата, а истите можете да ги погледнете ОВДЕ.