ВИДЕО | Погледнете ја фантастичната акција на Роналдо и Брозовиќ за голот на Ал Наср

Ал Наср поведе со 1:0 во третата минута од натпреварот против Абха, а во листата на стрелците се запиша португалскиот играч за врска Отавио.

На голот на Португалецот му претходеше феноменална акција на домашните во која главни протагонисти беа неговиот сонародник Кристијано Роналдо и хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ.

Роналдо одлично ја искористи петтата до Брозовиќ, кој со финта го исфрли противникот од игра, му ја додаде топката на Отави, кој ја погоди мрежата на противничкиот голман.

Инаку, моменталниот резултат е 2:1 во корист на домашните, а покрај Отави во листата на стрелци за домашните се запиша и Андерсон Талиска, кој погоди по асистенција на Садио Мане.

Единствениот гол за гостинската екипа беше дело на Саад Бгуир од единаесет метри.