ВИДЕО | Познат европски шампион во бокс направил хаос среде Москва: Извадил пиштол и пукал пред ресторан во луѓето, повредил најмалку четири лица

Руската медиумска агенција ТАСС објави вознемирувачко видео на кое се гледа како поранешниот европски шампион во бокс, Никита Иванов, повреди четири лица.

Никита Иванов, кој бил видно пијан, претходно влегол во физички конфликт со повеќе лица. Бидејќи не можел да им се спротистави, извадил пиштол и ги застрелал пред ресторан во центарот на Москва, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ – внимание: Видео-снимката е крајно вознемирувачка!

Според руските медиуми, еден од минувачите му го одзел оружјето на Никита Иванов, а потоа полицијата го совладала и го уапсила.